Дурловски на слобода

1425

Ослободителна пресуда за поранешниот директор на МОБ Игор Дурловски изрече судијката Добрила Кацарска во судскиот процес за крвавите настани во парламентот на 27 април 2017 година.

Дурловски не побара да биде амнестиран во рамки на Законот за амнестија, неговото образложение тогаш беше дека тоа го направил затоа што бил убеден дека обвинителството нема докази за делото за кое е обвинет – „терористочко загрозување на уставниот поредок.“

– Дури и да сум најнеморалната личност која протестира за пари, дури и да сум измамувал луѓе да протестираат, кога ќе ја носите одлуката ве молам запрашајте се дали постои било каков доказ за тоа? Дали постои доказ дека сум знаел за тоа што ќе се случува на 27 април? Нема да најдете – рече Дурловски неодамна во своите завршни зборови.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...