Онлајн анкета спроведена минатата година на 1.133 испитаници покажува поразителни податоци за сиромаштијата во Македонија.
Имено, според анкетата 69 отсто од граѓаните не можат да си дозволат да одат на одмор или патување еднаш годишно. 91 отсто не можат да си дозволат козметички третман или масажа еднаш месечно, 78 отсто не можат да си дозволат да купат ново парче облека или обувки еднаш месечно.
4 отсто не можат да си дозволат ништо, 76 отсто не можат да возат автомобил секој ден, 68 отсто не можат да си дозволат театар или кино еднаш месечно, а 59 отсто не можат да си дозволат да јадат во ресторан еднаш месечно.
Графиконот на Институтот за економски анализи Finance think покажува дека само една третина од населението успева да ги задоволи сите потреби или да заштеди дел од својот доход. 42,1 отсто успеваат да ги задоволат само потребите за храна и сметки, а 28 отсто не успеваат ниту тоа.