Дури 187 возачи исклучени од сообраќај за брзо возење

184

Во текот на изминатите четири дена во Скопје и околината се регистрирани 187 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената со сообраќаен знак.

Се случиле вкупно 37 сообраќајни незгоди, во кои со телесни повреди се здобиле 13, а тешко повредени биле три лица.

Исклучени од сообраќај, како што соопштија денеска од СВР Скопје по преземените мерки и активности од областа на сообраќајот, се вкупно 76 возачи. Од нив 24 управувале под дејство на алкохол, а дури 45 воопшто немале возачка дозвола. Со истечена важност за сообраќајна дозвола биле 35 и исто толку нерегистрирани.

За непрописно паркирање се издадени 77 казни, додека пајакот подигнал 54 возила.

За некористење кацига од страна на возачи на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл казнети се 21 лице, за неносење сигурносен појас за време на управување на моторни возила се 28 возачи, а 20 за користење мобилен телефон за време на управување со автомобилот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...