Дури 12 „сопственици“ се пријавиле за најдениот лап-топ

Нешкоски вчера објави дека нашол лап-топ кој паднал од покрив на некој автомобил и бараше да се јави сопственикот од кого побарал докази за сопственоста.

3962

Дури дванаесет „сопственици“ се пријавиле за лап-топот што вчера скопјанецот Никола Нешкоски објави на Фејсбук дека го пронашпол кај трговскиот центар „Олимпико“.

Тој вчера објави дека нашол лап-топ кој паднал од покрив на некој автомобил и бараше да се јави сопственикот од кого побарал докази за сопственоста.

„Само да ви кажам дека е најден сопственикот на компјутерот. И да ве поздравам сите вас ‘сопственици’ кои се пријавивте дека е ваш…. Ама морам да признаам дека бевте креативни во смислувањето на приказните. Сѐ беше добро до моментот кога ви побарав документи за компјутерот, или ви спомнав дека на преземање ќе мора да направиме заедничка слика. Тогаш ве снема“, напиша Нешкоски на својот профил на Фејсбук.

Тој додаде и дека преку порака на Фб се пријавиле 7 сопственици, а на телефон петмина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...