Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки денеска ги оцени како медиумски шпекулации информациите дека тој ќе застане на челната позиција на новото Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.
– Овие информации се шпекулации. Сѐ уште не е донесена таква одлука. Но, како и да е, јас ѝ припаѓам на ДУИ. Денеска е 5 Јуни – Денот на животната средина, а денеска е и денот на ДУИ. Треба да го почитуваме тоа – рече Дураку, одговорајќи на новинарско прашање на денешната национална работилница по повод Светскиот ден на животната средина.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.
loading...