Дураки му ја отстапи фотелјата на Нуредини во екологија

112

Во Министерството за животна средина и просторно планирање се изврши примопредавање на функцијата министер за животна средина и просторно планирање помеѓу досегашниот и новоименуваниот министер Садула Дураки и Насер Нуредини. Со тоа, Насер Нуредини и официјано го започна управувањето со овој сектор.

Истакнувајќи дека веќе е запознат со предизвиците, тековните и идни проекти на Министерството за животна средина, новоименуваниот прв човек во животната средина Нуредини  пред вработените ја потврди својата заложба со поддршка на стручните кадри од Министерството да продолжи да ги спроведува добрите политиките во животната средина и просторното планирање. Нуредини навести поголема отвореност за соработка и максимално заложба за обезбедување на здрава и чиста животна средина во интерес на сите граѓани, соопшти Министерството.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...