Владата постои за да ги остварува своите стратешки приоритети, да ги решава проблемите и да го подобрува живеењето на граѓаните, соопшти Министерството за животна средина откако во јавноста следеа бурни реакции на изјавата на Садула Дураки дека тој не се бави со граѓаните и Македонија не е Швајцарија за да одвои повеќе пари за аерозагадувањето.
– Владата ја дефинираше борбата со аерозагадувањето за свој стратешки приоритет. Министерот Дураки во својата изјава за медиумите ја потенцираше Програмата за справување со аерозагадувањето и укажа дека граѓаните имаат право да преземаат свои дејствија. Министерот изразува жалење за тоа што не се изразил доволно јасно и што тоа предизвика реакции во јавноста, соопшти Министерството.