Дураки, Бесими, Џафери… „отстранети“ од најтесното раководство на ДУИ

Во новиот состав на Генералното собрание влегоа градоначалниците Теута Арифи и Рамиз Мерко, потоа поранешните градоначалници Изет Меџити и Фатмир Дехари, како и Бујар Османи и Артан Груби...

23231

Вицепремиерот Садула Дураки, некогаш десната рака на Али Ахмети Муса Џафери, контроверзниот Бекир Асани, поранешниот вицепремиер Хазби Лика… од вчера не се дел од највисокото раководство на ДУИ. Во Генералниот совет на владејачката ДУИ не влегоа ниту Аднан Јашари, Фатмир Бесими, Атила Реџепи, Рафиз Алити…

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, на вчерашниот 4.Конгрес на партијата, елегантно отстрани од највисокото раководство дел од старите кадри. Конгресот помина без многу врева и инциденти што се своствени за партијата на вакви настани. Партиски извори брифираат дека некои од мошне експонираните кадри на ДУИ не се веќе  дел од најтесното раководство на партијата поради забелешки на членството за нибната работа. Членовите на ДУИ кои не се избрани во Генералниот совет нема да бидат ниту членови на Централното претседателство на партијата.

Во новиот состав на Генералното собрание влегоа градоначалниците Теута Арифи и Рамиз Мерко, потоа поранешните градоначалници Изет Меџити и Фатмир Дехари, како и Бујар Османи и Артан Груби… Генералниот совет брои околу 100 членови, од кои дел се членови по функција. Во новиот Генерален совет влегоа и спикерот Талат Џафери, пратеникот Џевад Адеми, како и министрите Крешник Бектеши и Арбер Адеми …

Ахмети со акламација повторно беше избран за лидер на партијата. За него гласаа повеќе од 800 делегати кои учествуваа на Конгресот што се одржа во Скопје, а тој беше и единствениот предлог за лидерската функција од сите 36 ограноци на ДУИ.
-На 12 април, ќе го имаме новиот предизвик. Сигурен сум дека како што сме запишале за 18 години 16 победи, ќе следи нова на 12 април. Како субјект, движење кое знаеше етнички и политички да балансира во овие простори, така на 12 април нема да победи ДУИ, туку ќе победи државата, ќе победат граѓаните, затоа што сме знаеле да менаџираме да балансираме, да се соочиме со големи потешкотии и со успех да ги надмине- рече Ахмети пред делегатите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...