Екипата на Баерн Минхен вечерва на „Олимпискиот стадион“ во Берлин го победи Лајпциг со 3:0 во финалето на Германскиот фудбалски куп и на тој начин стигна до „дупла круна“.
Стрелци на головите беа Роберт Левандовски (два) и Кингсли Коман.
За Баварците ова е 19-ти трофеј од националниот куп.
Претходно, Баерн Минхен по 29-ти пат стана шампион на Германија.