Откако прашавме зошто со денови зјае дупка во Центар, Градот веднаш ја затрупа (ФОТО)

1782

Огромна дупка на тротоар во центарот на Скопје оставена без ниту една ознака или светол знак стоеше неколку дена. Некој можел да падне и да се повреди.

Фотографиите направени во петокот вечерта, покажуваат огромна дупка на тротоарот без какво било предупредување за пешаците. Ваквите дупки се опасни за пешаците, но и за велосипедистите и за децата кои родителите ги возат во количка.

Откако утрово Плусинфо побара одговор од Град Скопје зошто нема никаква сигнализација за опасност и не е направена некаква заштита околу дупката која најмалку три дена стоеше отворена, надлежните експресно реагирале и побарале дупката да биде затворена, по што бевме известени дека веќе ја нема (фотографија долу).

– Има ставено знаци за предупредување, само несовесни лица ги имаат извадено – рекоа од Градот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...