Дуковски пред Апелација: Вршат тортура врз Јовановски во затвор расадник на бактерии

546

Бранителот Сашо Дуковски рече дека се случува брутално кршења на презумцијата на невиност во однос на Бојан Јовановски, Боки 13 првообвинет во „Рекет“ кој е шест месеци во притвор и за тоа време досега 60 пати бил на специјалистички прегледи.

– Како да им се објасни на овие судии дека не смеат да се повикуваат на степенот на кривичната одговорност, во оваа фаза, тие веќе го осудиле. За ова би паднале на испит на Правниот факултет – рече Дуковски

Дуковски ова го кажа денеска пред совет на Апелацискииот суд каде Јовановски има поднесено жалба против продолжувањето на притворот од 30 дена.

– Не му функционира желудникот, две капки вода да се напие тој повраќа. Што треба да се случи да умре ли човекот – револтирано рече Дуковски во своето образложение на здравствената состојба на Јовановски поткрепена со обемна медицинска документација од лекари специјалисти кои апелираат дека пациентот мора да биде ставен на хигиено диететски режим.

– Не може десет субспецијалист и двајца затворски лекари да укажуваат на здравствената состојба на Јовановски, а тој и понатаму е во притвор во затворот, кој е расадник на бактерии и бацили. Ова е тортура врз Јовановски, а за разлика од него двајцата други обвинети кои не се во таква здравствена состојба се во домашен притвор – додаде Дуковски.

Одлуката дали ќе се укине притворот, определен поради опасност од бегство и повторување на делото, за Јовановски советот ќе ја соопшти дополнително.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...