ДУИ ја уништи средбата Заев – Села

3136

Ќе се изјалови средбата помеѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села, потврдија за Плусинфо од партијата.

Заев и Села денеска требаше да се сретнат за да разговараат и Алијансата за Албанците да застане зад заеднички кандидат за претседател на државата.

Од партијата на Села му се лутат на Заев за повторното одземање на ингеренциите на гостиварскиот градоначалник Аребен Таравари во образованието. Ова како што велат од партијата е само една од забелешките кои ги имаат за Владата на СДСМ и ДУИ.

Сепак нејасно е што се случи преку ноќ за Села да ја откаже средбата, бидејќи тој синоќа во интервју за вториот канал на МРТВ изјави дека неговата партија ќе ја разгледа понудата за консензуален претседател и ќе донесе одлука дали ќе ја прифати.

Тој во интервјуто вели дека останува да се види дали и кој од понудените профили на консензуални кандидати ќе ги застапуваат правата на целото население.

Општина Гостивар повторно остана без надлежности во  образованието, однсно градоначалникот Арбен Таравари во наредните девет месеци ќе нема право да именува и разрешува директори во основните и средните училишта. Таравари преку Фејсбук обвини дека станува збор за политичка одлука за која ги прозва ДУИ и СДСМ.

На чело на Министерството за образование е Арбер Адеми од ДУИ.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...