ДУИ преку модерна кампања ќе агитира за претседател прифатлив за сите

200

Демократската Унија за Интеграција на изборите е определена за концептот за НАТО, за Европска Унија, за заеднички консензуален претседател, а не за евро скептицизам и скептицизам кон НАТО, изјави Арбр Адеми на прес конференција на централниот  штаб на ДУИ.

– ДУИ е определена за инсталирање на концептот на консензуалност за главните прашања во земјава, како што е и прашањето за избор на претседател на Република Северна Македонија. Максимално сме спремни за претседателските избори на 21 април, затоа што на земјата повеќе од никогаш и треба претседател прифатен од сите. 2019 година е година на големи одлуки за Западен Балкан и само еден ваков претседател најдобро би успеел да ја балансира тежината на одлуките кои не очекуваат – рече Адеми.

Тој информира дека ДУИ ќе има модерна и интерактивна кампања со директни средби со граѓаните за да истакнат дека патот за НАТО и ЕУ е поставен и не може да се сопре. Адеми вели дека од посебен интерес е кампањата за изборите да помине во мирна, коректна, демократска и празнична атмосфера, како и доликува на една европска земја и нашите граѓани да имаат можност слободно да изберат заеднички претседател.

Тој најави дека денеска ќе отворат штабови во општините Сарај, Бутел и Студеничани и дека кампањата ДУИ ќе ја почне и заврши во Дебар.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...