ДУИ: Под знак прашалник законитоста на одлуката на ЈО за преземање предмети од СЈО

1331

ДУИ смета дека законитоста на одлуката на Републичкото Јавно обивинителство за преземање на предметите од Специјалното Јавно обвинителство е под знак прашалник.

– Законитоста на една одлука донесена во услови кога поднесителот е во притвор, со однапред поднесена оставка и веќе започната постапка за разрешување во Собрание е под голем знак прашалник и ги споделувам резервите на дел од политичките партии кои што не се дел од преговорите, фелата и јавноста, но секој си сноси одговорност за своите постапки, било тоа да се политичари, обвинители, судии. Мора да постои правна извесност и одлуки кои што се законски, општоприфатливи и влеваат доверба кај граѓаните. СЈО веќе е безпредметно – изјави пратеникот од ДУИ, Артан Груби.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...