ДУИ поддржува донесување закон за ЈО, поднела нацрт закон за ветинг

138

ДУИ поддржува донесување закон за јавното обвинителство, но има и свои забелешки и конкретни предлози, изјави координаторот на пратеничката група на ДУИ Артан Груби, нагласувајќи дека имало многу конструктивна средба помеѓу парламентарните партии околу законот за ЈО на која сите ги дале нивните согледувања, но се разговарало и за препораките од експертите што произлегле од јавната расправа.

– Изразивме жалење за тоа што 10 амандмани што беа прифатени на седница на Комисијата за европски прашања по овој закон не се инкорпорирани во последниот нацрт-закон и се надеваме дека ќе бидат дел од него. Рековме дека би требало да се отслика и Законот за употреба на јазиците во рамки на Јавното обвинителство, а исто така да се намалат критериумите за да се запази правичната застапеност на заедниците во ЈО – изјави Груби по завршувањето на средбата и информира дека и другите партии имале забелешки, кои ќе бидат доставени во писмена форма.

Груби изрази надеж дека ќе се срочи консензуален текст, затоа што, како што потенцира, се работи за системски закон што би требало да ја има поддршката од сите.

Тој информира дека денеска пратеничката група на ДУИ го поднела и т.н. Закон за ветинг и изрази надеж дека ќе биде усвоен пред распуштање на овој собраниски состав.

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, пратеникот Груби во однос на поднесениот т.н. закон за ветинг се надева дека на следните избори, како што рече, ќе настапат со формирана агенција што ќе ги проверува сите актуелни носители на јавни функции, судии и обвинители, но и сите кандидати за носители на јавни фунцкии во државата, за граѓаните да можат да видат на кого ќе ја дадат својата доверба и за кого ќе гласаат.

– Работиме да срочиме заеднички текст на нацрт закон што би влегол во процедура. Се надевам дека консензуално ќе се договориме текстот да биде со поддршка од сите и да го добиеме заслужениот датум за почеток на преговори со ЕУ – изјави Груби.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...