ДУИ побара од Таравари да им се извини на Тирана и на Приштина

996

Лагата на Арбен Тарави и неговата партија Алијанса на Албанците навистина имаше кратки нозе и многу брзо се откри нивнто незнаење и несериозност, соопштија од ДУИ.

Оттаму велат дека Таравари и поранешните сопартијци на Мендух Тачи кои создале фракција од ДПА, треба да побараат извинување од граѓаните, но и од Косово и од Албанија за лажната вест дека Тирана и Приштина поддржуваат трипартиска албанска коалиција во Македонија.

„Оваа фракционерска партија во континуитет шири лажни вести, измами, пропаганда и ветувања дека ќе ги урнат сите постигнувања на Албанците во ова земја. На оваа фракција која се роди како резултат на раздор од матичната партија ДПА, единствената цел ѝ е да се урнат достигнувањата на Албанците како јазикот, знамето, повеќе од 25.000 административци, НАТО, универзитетите, училиштата, градинките, болниците, инфраструктурата и сите други постигнувања. Оваа нивна голема и разоткриена лага влијае лошо кај граѓаните и го поттикнува раздорот помеѓу нив, но истовремено е направена за да и послужи и на нивниот идеолошки партнер, слично како со таканаречената Тиранска платформа“, наведено е во соопштението на ДУИ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...