ДУИ одлучи да има свој кандидат на претседателските избори

1367

Членовите на Централното претседателство на ДУИ на вечерашната седница во партиското седиште во тетовска Мала Речица едногласно донеле одлука партијата да оди со свој кандидат на претстојните претседателски избори, информираше портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.

Тој посочи дека ова било првата точка на вечерашната седница на Претседателството, а како дополнение на оваа своја одлука ова партиско тело на ДУИ донело одлука да го овласти нивниот претседател Али Ахмети да разговара и со политичките партии на Албанците, но и со другите политички партии од другите етнички заедници за заеднички кандидат доколку се создадат услови за тоа.

Во останатиот тек од седницата Османи најави дека ќе се разговара за внатрешното организирање на партијата и за други актуелни теми за политичката состојба во земјата, за што јавноста дополнително ќе биде информирана.

– Централното претседателство на ДУИ продолжува со состанокот – додаде Османи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...