ДУИ не се плаши од тоа дека предизборната коалиција на СДСМ и БЕСА ќе го намали нивниот број на пратеници, рече партискиот портпарол Бујар Османи на денешната прес-конференција.
Сепак, тој не ја исклучи можноста од постизборна коалиција со овие две партии, а потенцираше и дека ДУИ во моментов е сконцентрирана на кампањата и на освојувањето на гласовите, додека, пак, политичките калкулации ќе се прават по објавувањето на резултатите.
– Сега сме фокусирани на тоа да им презентираме на граѓаните што нудиме, а не на коалиции. Ние сме партија која има најмногу остварено од својата програма. Очекуваме најголема победа досега – изјави Османи.