ДУИ најавува ветинг и на кандидатите за пратеници

72

Пред една година, со одлука на Централното претседателство и Генералниот
совет на партијата, беше формирана работна група за проектирање на
утрешното ДУИ,  и тоа внатре партиски, кадровски и програмски реформи,
пре-регистрација на целото членство, ветинг во партијата, но и во
политика, во судството и во обвинителството, потсетува ДУИ во партиско соопшение денеска.

„Како резултат на овој процес, се зачленија над 30.000 членови на ДУИ, се
избра целосно нов Форум на младите, исто така целосно нов Форум на
жените, над 90 отсто од приближно 500 локални совети беа избрани нови
претседатели на совети и скоро 100% нови претседатели  во 36 ограноци
низ целата земја.

За успешно да се заокружи овој процес, ДУИ организираше Kонгрес каде
учествуваа над 4.000 лица и се избраа над 70 % нови членови на
Генералниот совет, со над 40 % учество на жените во сите партиски тела.

Но, ние сме многу сериозни и посветени на оваа реформа, и затоа нема да
застанеме тука, туку ќе продолжиме и со списоците на кандидатите за
пратеници“, вели ДУИ.

Како што рече вчера претседателот Ахмети, над 90 oтсто од кандидатите за
пратеници се лица кои за прв пат ќе бидат избрани и претставуваат
поединци кои се успешни во своите професии и се почитувани во
општеството.

„Исто како што остваривме ветинг во партијата за време на
пре-регистрацијата на нашето членство во нашите партиски тела, ќе
спроведеме ветинг и при составување на нашите списоци на пратеници и
други функции. Ги покануваме и другите страни да се приклучат на нашата иницијатива и да го сторат истото.  Истовремено, идното ДУИ е ангажирано за целосен ветинг и во политиката, во обвинителството, во судството. Ветингот претставува клучен столб на програмата на ДУИ за постигнување на неселективна правда, вистинско владеење на правото, транспарентност, борба против организираниот
криминал и корупцијата, и враќање на довербата на граѓаните во
интегритетот на институциите.

Има уште многу работа за воспоставување на неселективна правда во оваа
земја. Но, ние сме подготвени да се соочиме и со овој предизвик и ги
покануваме сите граѓани со заеднички сили да вложиме напори за општото
добро на сите нас“ соопшти ДУИ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...