ДУИ демантира дека имало инцидент, не одговара дали престрелката во Речица е меѓу нивни членови

567

Демократската Унија за Интеграција и денес, како и секој друг ден ги реализираше своите вообичајни активности, велат од ДУИ во врска со престрелката која вечерва во 18.20 часот се случи во Мала Речица, при што едно лице е убиено, а друго лице е повредено и е згрижено во тетовскта болница.

– Целосно ги демантираме како неточни информациите дека денес во Демократската Унија за интеграција имало било каков инцидент. Ние како политичка партија немаме и не можеме да имаме одговорнност за евентуалните инциденти кои не се поврзани со Демократската Унија за Интеграција – соопшти ДУИ.

За Плусинфо висок функционер на ДУИ брифира дека престрелката била помеѓу нивни членови од Куманово, за како што вели стара семејна расправија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...