Дадениот глас за консензуалниот претседател ги отвара вратите во иднина ова позиција да им припадне на Албанците, порача ДУИ од митингот во Долнени.
Поранешниот пратеник, Муса Ибраими истакна дека како што знаеме за претседателски избори има тројца кандидат и дека ДУИ го поддржува консензуалниот кандидат кој гарантира дека ќе го спроведе процесот на интеграција во НАТО и ЕУ без да го попречи.
– Таму каде што е нашиот интерес, во НАТО и ЕУ, само така ја гледам перспективата на моето семејство и општеството во целина. Затоа, ние ќе го поддржиме консензуалниот кандидат Пендаровски кој е под реден број 3 во гласачкото ливче, затоа што тука го наоѓаме и концептот на Демократската Унија за Интеграција започнат уште од 2014 година – истакна Ибраими.