ДУИ тврди дека Павле Богоевски ја изјаловил работата со Вељановски

1649

Ејуп Аљими, координаторот на пратеничката група на ДУИ тврди дека синоќа околу 21 часот тргнал возач да ја земе пратеничката Мирсада Асани-Емини од Чегране за да гласа на седницата за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељановски, наместо на пратеникот кому му се слошило, но се вратил, зашто претседателот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања Павле Богоевски ја прекинал седницата.

„Зошто предвреме се прекина работата на мандантно-имунитетната комисија синоќа?Синоќа околу 19 часот, по дводневната работа во Комисијата за судското барање да се одземе имунитетот на пратеникот Вељановски, на пратеникот Агим Шаќири му се слоши и заврши во Клинички центар во Скопје. Доктор му препиша терапија и му нареди да остане во болница вечерта, каде што го посетивме вчера и утринава. Соочувајќи се со оваа ситуација, околу 21 часот кога требаше да продолжи седницата по паузата. Ја побаравме заменичката на Агим, пратеничката Мирсада Емини Асани од Гостивар за да го замени Агим. Испративме возач да ја земе нашата пратеничка и да ја донесе, но околу 21,30 часот, неочекувано и не според договореното, комисијата прекина со работа и ја стави одлуката на гласање без да ја почека нашата пратеничка која што ќе пристигнеше околу 22,30 часот, додека рокот истекуваше на полноќ Претходно бевме договорени да ја завршиме седницата во 23 часот кога и требаше да се гласа по одлуката“, вели Аљими.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...