ДУИ во Дебар: Победа на Пендаровски и Дука

Претседателот на ДУИ Али Ахмети, рече дека објективно е да се очекува победа на Стево Пендаровски за претседател и Хекуран Дука за градоначалник на општина Дебар.

207
ФОТО: EPA-VALDRIN-XHEMAJ

Раководството на ДУИ вечерва на митинг во Дебар побара од дебарчани масовно да излезат на изборите и гласот да го дадат за претседателкиотт кандидат Стево Пеондаровски и кандидатот за градоначалник на Дебар, од редовите на ДУИ Хекуран Дука.

Претседателот на ДУИ Али Ахмети, рече дека објективно е да се очекува победа на Стево Пендаровски за претседател и Хекуран Дука за градоначалник на општина Дебар.

– ДУИ, кој постојано победува во Дебар и понатаму со новиот градоначалник Хекуран Дука ќе продолжи да го развива градот и селата во општина Дебар. Дебар треба да го поддржи концептот кој оди напред, рече Ахмети и додаде дека за кандидатот на ДУИ за градоначалник следи и подршка на колицијата ДУИ – СДСМ.

Потпретседателот на ДУИ Бујар Османи, истакна дека на овие избори во земјата треба да се даде подршка на концептот за консенсуална демоктратија кој носи само напред, а тоа е кандидатот на претседател Стрео Пендаровски  .

– Со овој концепт добиваме подобра иднина за сите, рече Османи.

Подршка за кандидатот на ДУИ за градоначалник на Дебар на митиногот даде и СДСМ .

Претседателот на дебарската општинска организација на СДСМ, Азем Фејзоски истакна дека во Дебар се очекува двојна победа на колицијата.

-Колицијата има силна подршка кај гласачите и очекуваме кандидатот за претседател Стево Пендарвоски и кандидатот за градоначалник Хекуран Дука да бидат победници на изборите на 21 април, рече Фејзоски.

Кандидатот за градоначалник на Дебар, Хекуран Дука посочи дека верува оти граѓаните на општина Дебар ќе му ја дадат довербата и програмата за општина Дебар ќе ја реализира во целост.

-Ќе бидат надминати сите проблеми кои се присутни и тоа надминување на проблемите со депонијата, водоснабдувањето во летниот период како и реализација на голем број  проекти во сферата на инфраструктурата, рече меѓу другото Дука.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...