ДУИ го осуди начинот на кој, како што тврдаат од партијата, одредени структури вечерва извршија упад во работата на ИВЗ.
„Демократската унија за интеграција изразува целосно незадоволство од начинот на кој одредени структури вечерва извршија упад во работата на Исламската верска заедница.
Република Северна Македонија е секуларна држава, и независноста на верските заедници претставува уставна категорија, која државата и институциите треба да ја гарантираат.
Како политичка партија имаме апсолутна поддршка за автономијата на Исламската верска заедница, и сметаме дека единствено надлежни за разрешување на нивните внатрешните спорови, претставуваат органите на институцијата, а не органите на државата или политичките партии.
Апелираме и очекуваме од Владата, судовите и останатите државни институции да се однесуваат согласно уставните начела на автономност и независност на верските заедници и соодветно на тоа, во целост да ги почитуваат одлуките на органите и телата на Исламската верска заедница“, стои во соопштението на ДУИ.