Дуелот Заев – Мицкоски во „Само вистина“ на Канал 5 во вторник, 26. март

1014
Printskrin Kanal 5

Канал 5 со гордост соопштува дека ќе биде домаќин на телевизискиот дуел на деценијата меѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

По прелиминарно искажаната подготвеност на двајцата лидери и неколкудневни консултации со двете страни, договорено е дуелот да се одржи во вторник, 26 март, во рамки на емисијата „Само вистина“, со почеток во 18 часот и 30 минути, информираше вечерва телевизијата Канал 5.

Присуството , како што нагласуваат, го потврдиле денеска и од двете партии.

– Како новина, по завршувањето на дуелот најавуваме т.н. Проверка на фактите, во која новинарски тим на Канал 5, ќе ги проверува и споредува тврдењата на лидерите со релеватните извештаи од домашните и меѓународните инситуции, со цел да се избегнат манипулации со јавноста – велат од Канал 5.

ФОТО: Printskrin Kanal 5

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...