Британската пејачка со албанско потекло Дуа Липа (24) без проблем во минијатурно бикини ги покажа маните на своето тело.
Липа новата 2020 година ја дочекала во сончевиот Мајами во друштво на своето момче Анвар Хадид, братот на сестрите манекенки Бела и Џиџи.
Атрактивната Дуа на плажа се соблекла во минијатурно бикини со леопардов дезен, а обожавателите забележале дека младата пејачка несакајќи го покажала и целулитот.
Липа пред дочекот на Новата година на социјалните мрежи објавила дека ужива во Мајами каде се сонча и ги полни батериите за настапите во 2020 година.
FOTO: Instagram/Printskrin