ДС: Слободата на печатот е круцијална за развој на демократијата

39
Демократскиот сојуз смета дека слободата на печатот е круцијална  за развој на демократијата и јакнење на основните човекови права и слободи, вклучително и како можност секој граѓанин слободно да го искаже својот став.
Во изминатите 27 години, се вели во соопштението, медиумите беа движечка сила на промените и воспоставување на нов систем на вредности, парламентарна демократија и афирмација на владеење на правото, како клучен сегмент на модерните општества.
И покрај сите слабости, политичките и бизнис притисоци врз новинарите, само со слобода на печатот може вистината да стигне до граѓаните.
Демократскиот сојуз од секогаш е за слобода на печатот и слобода на говорот и високо ја цени и поддржува борбата на секој човек и новинар за објективно информирање.
Треба сите заедно да придонесеме, новинарите да можат слободно да ја извршуваат оваа тешка и исклучително ризична професија.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...