ДС: Приемот во НАТО е заслуга на сите влади и граѓани

60
По близу триесет години самостојност, потпишувањето на Протоколот за прием во НАТО, за Република Македонија и за граѓаните е настан од непроценлива вредност за стабилноста, безбедноста и демократските перспективи на Македонија, вели Демократскиот сојуз.

Приемот на Македонија во НАТО, вели ДС, е резултат на работата на сите досегашни влади, невладиниот сектор, медиумите и пред сè цврстата определба и многуте компромиси направени од сите граѓани.

„Преспанскиот Договор со сите контроверзии, практично ги отвори вратите за членство во НАТО и Европската Унија. Започната е финалната фаза и до крајот на оваа година се очекува Протоколот за прием во НАТО на Република Македонија, да го ратификуваат дваесет и девет (29) земји членки на НАТО.

Демократскиот сојуз го поздравува овој чин и повикува на единство и сплотеност за Македонија да чекори напред“, се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...