ДС: Претседателските избори не треба да ги парализираат реформите

58
                                                                                

Не намалувајќи ја важноста на претседателот на Република Македонија, Демократскиот сојуз, смета дека претседателските избори треба да се одвиваат во фер политички натпревар и без парализа на реформските процеси кои се предуслов за ратификација на Протоколот за полноправно членство во НАТО и започнување на пристапните преговори за влез во ЕУ.

Во оваа насока Демократскиот сојуз инсистира на следното:

„1. Робусна и ефикасна борба против организираниот криминал и корупцијата, посебно против институционалниот криминал.

Државата мора на ефективен начин да се справи со сите што ја попречуваат правдата и ефикасната борба против криминалот.

2. Реформа на правосудниот систем, преку преиспитување на работата на секој судија и обвинител, како и носечките кадри во службите за безбедност.

Без расчистување на монтираните политичко-судски процеси, судиите и натаму ќе бидат инструмент на партиите и криминалните политичко-бизнис групации, за остварување на нивните цели.

3. Реформите на безбедносните служби треба да бидат суштински и во чекор со современите трендови, кадровската обнова и воспоставување на цивилна контрола над нив.

Работната верзија на Законот за внатрешно разузнавање треба целосно да се преработи и во подготовката да се вклучат експерти-познавачи на разузнувањето и системот за безбедност во целина.

4. Администрацијата треба да биде ефикасен сервис на граѓаните и гарант за стабилност и функционирање на државата.

Коренити промени при селекција и прием на работа и задржување на позициите во администрацијата.

Селекцијата да се врши врз основа на три критериуми: постигнат успех при школувањето, рангот на факултетот и време на чекање за работа.

5. Слободата на говорот, објективното информирање и транспарентноста на власта, само ќе нe вброи во слободните држави, но мора да се разработи и стратегија против лажните вести и партиско-манипулативните „медиуми“.

Државните институции мораат следните четири месеци да постигнат резултати, доколку сакаме да фатиме чекор со европските вредности и стандарди и Македонија да биде на “брзата лента“ за членство во Европската унија“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...