ДС: Македонија креатор на мирот и стабилноста

87

Поканата за полноправно членство во НАТО, за Република Македонија претставува најголемиот цивилизациски и историски исчекор.

Членството во најпрестижниот „КЛУБ” е верификација на долгогодишните реформи, откажувања, компромиси и борба за владеење на правото и правната сигурност.

Македонија станува кредибилен партнер на НАТО, креатор на мирот и стабилноста во регионот и пошироко.

Пред сите нас претстои силен предизвик, да изградиме национално единство, да продолжиме со реформите, да ги надминеме предрасудите и со високо крената глава да потврдиме дека сме демократска и просперитетна држава.

Честитки до сите граѓани за цврстата определба да продолжиме со евроатланските интеграции.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...