Гласањето за имплементација на преспанскиот договорот е глас на разумот, кој ќе ја придвижи Македонија напред, смета Демократски Сојуз.
ДС соопшри дека пратениците треба да расправаат отворено, да ги соочат различните ставови и аргументи и без емоции да донесат разумна и мудра одлука.
– Силната партизација на референдумот и поделбите по партиска, етничка и верска основа, не доведе до пред колапс и дваесет и осум годишната работа на сите граѓани и влади, да биде залудна и да не врати во Балканската кал. Пратениците се пред огромен предизвик, бидејќи тие со дигање на два прста одлучуваат дали ќе ја срушат Македонија или ќе покажат лидерство и ќе ја стават на вистинскиот колосек. Само “ЗА” значи стабилност, безбедност и опстојување на држава во која ќе може пристојно да се живее. Алтернативата е неизвесност и држава без народ, млади и иднина. Ве повикуваме без двоумење, направете го тој „мал чекор“, но со огромна големина за Македонија, стои во соопштението.