Друштвото на писатели на Македонија го прошири членството со нови 13 автори. Новите членови се избрани на јавниот повик за проширување на членството на ДПМ во текот на месец март на кој се пријавиле 47 кандидати.
– Претседателството ги разгледа сите доставени материјали, ги проанализира според утврдените критериуми и спроведе гласање, на кое со мнозинство гласови се здобија: Петар Андоновски, Елизабета Бандиловска, Марија Гиревска, Мерсиха Исмајловска, Александра Јуруковска, Славчо Ковиловски, Ели Маказлиева, Виолета Мартиновска, Бранко Прља, Сузна В. Спасовска, Ана Стојановска, Снежана Стојчевска и Билјана С. Црвенковска – соопшти ДПМ.
Новите членови на ДПМ ќе бидат свечено претставени преку кус разговор и сегмент од творештвото на Книжевната вечер што ќе се одржи во просториите на Друштвото на 15 април, со почеток во 19 часот.