Дронови ќе ги заменат перачите на прозорци

Леталото е широко три метри, има 12 пропелера и е опремено со црева, сунѓери и камери. Со него далечински управува човек, кој го следи процесот на перење.

249

Дроновите се поприсутни на работните места и го менуваат начинот на кој се извршуваат работите, а исто така им овозможуваат на компаниите да штедат време, да ја зголемат безбедноста и да ги намалат трошоците. Новата идеја е да ги заменат луѓето кои перат прозорци на високи објекти.

Огромен дрон за перење прозорци произведе компанијата „Аеронес“ од Летонија, а негова задача е ги замени луѓето во чистењето прозорци на високи објекти.

Компанијата „Аеронес“ првпат стана позната во 2017 година кога го користела своето летало за спасување, а сега тврди дека нејзиниот дрон за перење прозорци може да работи 20 пати побрзо во однос на традиционалните методи, а притоа работата е многу побезбедна.

Леталото е широко три метри, има 12 пропелера и е опремено со црева, сунѓери и камери. Со него далечински управува човек, кој го следи процесот на перење.

Дронот се напојува со помош на кабел, поврзан со батерија на тлото, а вода преку црева доаѓа од резервоар, кој исто така се наоѓа на тлото. Моменталниот дизајн му овозможува на дронот да достигне височина од 350 метри, но со натамошен развој таа височина може да се зголеми.

„Аеронес“ осмисли и сопствен стабилизациски систем, за да може дронот да се носи со лошите временски услови.

Во случај дронот да доживее катастрофален дефект при летот, леталото кое е тешко 55 килограми нема да падне врз никого бидејќи со кабел е зацврстена за врвот на зградата.

Компанијата размислува и да им помогне на пожарникарите со поинаква верзија на дрон, а третата верзија, која е претставена претходно оваа година, може да се користи за проверка и чистење на големи ветерници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...