Опасната дрога ајс, за која експертите велат дека е 10 пати посилна и поразорна од кокаинот, се појави и во Босна и Херцеговина.
Полицијата во Бијељина запленила седум грама дрога и досега тоа е единственото подрачје во БиХ каде што беше пронајдена, пренесува порталот „Кликс“.
Три лица се уапсени во Бијељина, додека по другите шест се трага.
Освен дрогата ајс, пронајдени се марихуана, спид и екстази.