Дрога вредна 18 милиони евра пронајдена во море од мјанмарски рибари

90

Мјанмарски рибари пронашле во морето вреќи со дрога – кристален метамфетамин, со пазарна вредност од 18 милиони евра.

Вреќите со дрога пловеле во Андаманското Море, долж брегот на Мјанмар. Во секоја од 23-те вреќи се наоѓале пластечни ќесички со ознака „Кинески зелен чај“.

Не знаејќи какви кристали се наоѓаат во ќесичките, рибарите мислеле дека тоа е еден вид дезодоранс кој обично се користи во Бурма, се намачкале со него и добиле изгореници на кожата, а свеста им се поматила, наведуваат локални претставници. Веднаш потоа била информирана полицијата, која се уште одбива да издаде соопштение.

Мјанмар, кој по големина е втор производител на опиум во светот, зад Авганистан, според податоците на Службата на ОН за дрога и криминал, е еден од најголемите производители на метамфетамин во светот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...