„Дрисла“ отиде во рацете на Германците

779

Најдоцна за еден месец ќе се потпише договорот со германската компанија „Шолц“ која ја доби под концесија депонијата „Дрисла“, по денешната одлука на Советот на Град Скопје, кој го раскина претходниот договор со италијанската фирма „ФЦЛ Амбиенте“.

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ беа воздржани, зашто сметаат дека треба да се распише  нов избор на концесионер.

Конзорциумот предводен од „SCHOLZ AG“ од Република Германија е составен од SCHOLZ AG – Германија, C.I.O.S.d.o.o – Хрватска и „Сплендор МАК“ ДООЕЛ од Македонија.

Оваа одлука на Советот следува по судска пресуда на Вишиот управен суд.

– Со ваквата одлука се овозможува да се стави крај на агонијата на граѓаните на Скопје со депонијата „Дрисла“ и се создава можност за започнување процес на инвестиции и модернизација на депонијата „Дрисла“, која во иднина ќе прерасне во модерна депонија во која ќе се одложува и третира отпадот по највисоки светски стандарди – се наведува во соопштението од Град Скопје.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...