Ставот на градоначалникот Златко Марин е непроменет – зграда кај Мајчин дом не треба да има. Преговорите се во тек, вклучени се инвеститорот, Град Скопје и сите надлежни институции. Штом имаме конкретни информации, веднаш ќе ја информираме јавноста.
Ова го изјавија денеска за Плусинфо од Општина Аеродром, откако сопственикот на парцелата, бизнисменот Фатмир Етеми, изјавил за Алсат М дека нема намера да отстапи од своите бизнис планови.
Ситуацијата ја комплицира фактот дека купувачи веќе уплатиле за четири стана во зградата што сѐ уште не е почната да се гради.
По протести на граѓаните, изградбата беше прекината на 15 дена.