Државните комисии не го рецкаат Собранието, а глумат отчетност

956
20130131 Thursday 1148 pratenicki prasanja i ladna (dzingovaca) vp sobranie

Државните комисии стокмени од пратениците не го фермаат законодавниот дом кога треба да дадат отчет за својата работа. Тоа се потврди денеска на седницата на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на која требаше да бидат разгледани извештаите за годишната работа на неколку државни комисии кои немаа испратено свои претставници што отвори дебата меѓу пратениците од опозицијата и владејачкото мнозинство дали воопшто треба да се расправа за сработеното во нивно отсуство. Настрана што претставниците на државните комисии покажуваат крајна непристојност и непочитување кон собраниската Комисија за политички систем, расправата меѓу пратениците уште еднаш го покрена прашањето како да се најде механизам кој ќе ги натера на одговорност кон законодавниот дом телата што ги избира Собранието, а потоа не може да ги собере на седница, а комоли да го контролира нивното работење.

Пратеникот Зоран Илиоски неколкупати бараше да не се расправа за извештаите на државните комисии во отсуство на нивни претставници повикувајќи се на принципиелност и за да не останат неодговорени прашања, но претседателот на Комисијата за политички систем Александар Кирацоски ги одби барањата на опозицијата и повика да не се прифатат извештаите, нагасувајќи дека не може да дозволи да биде блокирана работатат на собраниската комисија. Кирацоски нагласи дека тоа ќе биде така се додека Собранието не најде начин да ги натера претставниците на државните комиси на отчетност пред пратениците.

Наспроти заложбите на владејачкото мнозинство за транспарентност во Комисијата за политички систем не помина ниту извештајот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.

Претседателот на оваа комисија Ѓорги Сламков на 17 април поднел оставка до Собранието од лични причини, но сепак неоправдано немаше нејзин претставник да го образложи извештајот за нејзината работа, поради што Комисијата за политички систем не го усвои извештајот на Комисијата за слободен пристап. Поради отсуство на претставници денеска не беше прифатен ни извештајот за  работата на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочна постапка.

Кирацоски тврдеше дека сите институции чии извештаи денеска беа на дневен ред на Комисијата биле уредно поканети.

На денешната комисиска расправа не беше разгледан ниту извештајот на Специјалното јавно обвинителство, како и на Народниот правобранител, на Дирекцијата за заштита на лични податоци, како и на Агенцијата за администрација.

Кирацоски на крајот рече дека седницата ќе продолжи во среда.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...