Држава-президент

Гордана Силјановска-Давкова не е вмровка. Таа така размислуваше и кога бевме министри во Владата на СДС на чело со Црвенковски. И тогаш не се сложувавме околу многу концепти на функционирањето на мултиетничката држава.

3424

Конечно кандидатите за претседател на „најновата“ двомесечна држава на Балканот Република Северна Македонија ги отворија картите на ТВ соочување: едниот цврсто се залагаше за ЕУ, северно-атлантски интеграции и Преспанскиот договор (платофрма на сегашната владина гарнитура), несомнено голем политичар и интелектуалец кој и во минатите избори беше со гласови многу блиску до „победникот“ Ѓорге; другиот „како претставник на Албанците“ и републиката на Платон, Монтескје и Русо, а третата како президент-нација на државата нација.

Еј, што сака да каже овој Река без партиски знаци на постерот но со републиката на чело? Три дена ме прашуваше еден мој пријател. Многу е лесно да се објасни, му возвраќам. ДУИ, претендира дека Река е нивен производ и заборава дека тој е роден многу години пред ДУИ, и школуван во странство; тој бил многу писмен, со факултетска диплома во странство кога некои нивни теоретичари биле политички неписмени. И дилемата нивна е зошто нивниот кадровик претендира да биде претседател кога тие наводно се договориле: бујрум гувернатор (со име и презиме), бујрум министер за надворешни работи (со име и презиме). Зошто е кандидиран кога Албанец нема шанси да победи? Како однапред се знае дека тој како Албанец нема да добие? А што ќе биде ако тој добие многу македонски гласови?

Сме ги заборавиле ли времињата кога Имер Селмани, сега велат почесен конзул на Албанија, доби неколку илјади македонски гласови иако секој ден во неговиот султанат во Шишево фаќаше свежи риби од базен и заедно со тогашниот премиер Груевски, куќен пријател неколку години и еден член на Фамилијата ги печеше на скара? Времињата се менуваат: Груевски веќе не е тука, отишол во егзил во Будимпешта и не се враќа веќе а Селмани на трибина на Македонците им држи говор на албански! Официјализирање на албанскиот јазик!

Првиот не можеше подруго (Пендаровски) оти е поддржан од еден куп политички партии, човек партии и индивидуи, интелектуалци од разно-разни убедувања (политички, филозовски етнички и др.); втората со партискиот знак на ДПМНЕ во горното ќоше на нејзиниот постер, анти-Преспанскиот договор во нејзина уста и фамозната експликација дека Договорот е невалиден бидејќи е во спротивност со ius cogens (члen 53 64) Виенската конвенција за правото на Договорите од 1969-1986.

Така, Гордана Силјановска-Давкова, активен професор по уставно право му одржа една вистинска „академска лекција“ на еден „неактивен професор“ по правни науки Стево Пендаровски, така што овој вториот без никакво двоумење веднаш ја назначи за декан на Правен факултет!

Така професорката ни даде до знаење дека таа има право на избор, на самоопределување, кое право му е негирано на македонскиот народ со Преспанскиот Договор и првата нејзина акција е так-так во вратата на Меѓународниот суд заборавајќи дека од таму одамна сме се вратиле со едно парче хартија, но џабе!

Ако тоа е единствената понуда на г-ѓа Давкова, тоа е многу сиромашно!

За вистинско разочарување е визуелната кампања на професорката преку постери и рекламни спотови. Тоа е многу примитивна кампања: еден народ „во војна“ за егзистенција и еден повик за спас. Младите кои ги нема и се растрчани по светот се повикуваат на помош за спас на татковината. Потоа се разведрува и доаѓа Спасителот.

Таа ќе изгради една Држава-Нација, според јакобинскиот концепт на државата од француската револуција (1789).

Дефиницијата на зборот „нација“ е малку тешко да се прецизира, пишува во Енциклопедијата. „Нацијата е една група лица кои споделуваат ист јазик, иста култура, исти институции, иста историја и религија. Кога посебна една нација на лица има своја земја ова се смета Држава-Нација. Примери се Јапонија, Германија и Франција“.

Република Северна Македонија дефинитивно тоа не е. На која Република г-ѓа Силјановска Давковка сака да биде претседател? Таа одамна веќе не е Држава-Нација, особено не после 2001 год. Така пишува во Уставот. Така е во реалноста! И Германија не е веќе држава-нација иако пред неколку години канцеларката Меркел налутена на сиот глас викаше: мулти-култи пропадна, тоа беше неуспешен експеримент!

А за Франција со 6 милиони плус муслимани да не зборуваме.

Гордана Силјановска-Давкова не е вмровка. Таа така размислуваше и кога бевме министри во Владата на СДС на чело со Црвенковски. И тогаш не се сложувавме околу многу концепти на функционирањето на мултиетничката држава. Мислев дека веќе нешто е изменето. Бевме двајцата дел на Шарената револуција. Но, сепак останала иста, а времињата се смениле рапидно.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...