Државата ќе исплати судски трошоци во висина од 589.680 денари или 9,5 илјади евра за бранителите на поранешниот премиер Никола Груевски на кого му застаре делото за случајот „Траекторија“.
Ваква пресметка направи „Коалицијата за правично судење“, врз основа на податоци од мониторирани рочишта за главна расправа.