Државата нема имотен лист за една третина од имотот

Пред две години 156.258 хектари под шума пасишта....сопственост на Република Македонија немаа имотен лист.

399

За близу една третина од шумите, пасиштата и другото земјиште што го поседува државата нема имотен лист бидејќи не е запишано во Катастарот. Ова денеска го соопшти директорот на Катастарот, Борис Тунџев на средба со новинарите.

– Пред две години 156.258 хектари под шума пасишта….сопственост на Република Македонија немаа имотен лист. Од нив 76.729 хектари е во општини каде што има катастар на недвижнини, а 80.521 хектар се во катастарските општини со пописен катастар за што не може да се издаде имотен лист. Изминатите две години интензивно работевме на ова прашање и сега е запишан 76 отсто од имотот на Република Македонија – рече Тунџев.

Тој појасни дека главна цел на Катастарот во изминатите две години била да се запише имотот на државата со цел да се одбегнат малверзациите, но и да се обезбедат точните податоци со каков имот располага државата за да се овозможат точни статистички податоци и да се планираат идните потези во однос на издавање под закуп или концесија.

Тунџев најави дека до крај на годината ќе биде запишан целосно државниот имот за кој е утврдено дека нема имотен лист.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...