Триесет и двегодишниот рапер објавил фотографија на која е без маица на тропска локација.
– Заборавив како се вика, но го памтам чувството – напишал Дрејк.
Неговиот пријател, Диџеј Керниџ решил малку да го „боцне“.
– Ти направи операција за лажни стомачни во Колумбија. Не можеш да излажеш никого – коментирал тој.
На тоа, Дрејк одговорил со „Дали е ова поради тоа што си бесен за таа работа што се случи со таа личност тој ден кога помисли дека е жена ти?“
По некое време додал за да нема забуни меѓу фановите „релаксирајте се, ние сме пријатели во реалноста“.
Ова не бил првпат да се шират озборувања дека раперот бил под нож за подобар изглед.
ФОТО: EPA / NINA PROMMER