Дрворед од јасени засаден во Ѓорче Петров

297

Акцијата за засадување нови дрвја и за обновување на дрворедите во Скопје денеска продолжува со засадување нов дрворед по должината на улицата Ѓорче Петров, соопшти Град Скопје.

– По добиените информации за подземните инсталации од повеќе институции како што се ЕВН, БЕГ, ЈП „Водовод и канализација“, МВР и други оператори, Градот Скопје со јавните претпријатија „Улици и патишта“ и „Паркови и зеленило“ денеска засадуваa нов дрворед во Ѓорче Петров. На потегот од раскрсницата што води кон болницата „Санте плус“, па до бензинската пумпа на Макпетрол, од двете страни на улицата ќе бидат засадени 70 дрвја од видот јасен. Сите дрвја што ги садиме, наскоро ќе ги добијат имињата на новородените деца во градот, како дел од проектот „Дрво за секое дете“ – рече портпаролот на Град Скопје Ваљон Салиху, на денешната прес-конференција.

Oваа есенска акција за обновување на дрворедите и за подигање нови дрвореди Градот ја спроведува во соработка со сите скопски општини кои учествуваат со механизација и садници.

– Продолжуваме со обновување на загубеното зеленило во сите општини во градот. Им обезбедуваме на нашите сограѓани повеќе чисти зелени површини. Влогот во здрава животна средина е трајна придобивка која директно  влијае врз здравјето на граѓаните – нагласи Салиху.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...