ДРАМА СО СРЕЌЕН КРАЈ Мајката супербрзо се породила дома, си го сака бебето

4269

Среќен крај доби приказната со бебето кое мајката вчера речиси веднаш по раѓањето го оставила кај својата мајка во Стар Аеродром и си заминала. Мајката супербрзо се породила, велат лекарите, и затоа немало време таа да стаса ни до врата, а камоли до клиника. Ова ѝ е прво па машко“ дете на родилката која е постара од 30 години, а која не се откажува од своето синче, кое е сместено на Детската клиника, додека таа од синоќа е на Гинекологија.

Оваа пациентка се породила во домашни услови бидејќи се случила т.н. нагла експулзија на плодот, или супербрзо породување при кое, по бебето, брзо излегле и постелката и папочната врвца. Вакви породувања се случуваат и се сметаат за најлесни, но носат и одреден ризик – имаше случај жена да влезе во када да се искапе, а таа се породила… Мајката е во добра општа состојба и денеска таа разговараше и со нашиот социјален работник и со психологот. Породувањето е малку пред терминот, а станува збор за контролирана и посакувана бременост. Мајката си го сака бебето и ќе продолжи да се грижи за него. А таа ќе остане на нашата клиника сѐ додека не закрепнеизјавија од Клиниката за гинекологија.

Оттаму појаснија дека мајката заминала на преглед прво во приватна болница од каде ја упатиле на Клиника.

Социјалниот работник и психологот денеска не ја однеле пациентката да го види синчето на Детска клиника, бидејќи сметале дека таа прво треба да закрепне, а најверојатно ќе може да го види утре или задутре.

Како што објавивме, родилката е од Велес, а за овој драматичен случај, кој од вчера ја вознемири јавноста во земјата, биле алармирани и социјалните работници во велешкиот центар.

Бебето, кое било донесено во состојба на дехидрираност вчера на Детската клиника, но без знаци на повреда, како што отпрвин имаше сомнежи, за среќа, сега е во стабилна состојба и веќе почнало да се храни. Бабата го пријавила случајот во полиција.

Повеќе

Родителите ја однеле ќерката на Гинекологија, социјални работници утврдуваат може ли таа да се грижи за рожбата

Бебето дехидрирано лежи на Клиника, по мајката се трага

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...