Драма во штипскиот интернат, фрчеле закани за насилство меѓу ученици

505

Драма се случувала ноќеска во ученички дом во Штип, кога ученици од Кавадарци биле заплашувани, па потоа им било страв да се вратат во домот. На социјалните мрежи се бара одговорност од домарот и од обезбедувањето кои биле на смена, бидејќи не ги заштитиле жртвите.

Плусинфо се обрати до Министерството за внатрешни работи со цел да провери дали случајот е пријавен во полиција.

– Во средата во СВР Штип, вработен во ученички и студентски дом на Партизанска во 23.30 часот пријавил дека неколку лица, кои влегле во домот, упатувале закани за физичка пресметка кон лица кои престојуваат во домот – ни беше кажано од МВР.

Повеќе детали оттаму не можеа да ни кажат. Оттаму не потврдуваат дали некој бил и физички нападнат, како што се пишува на социјалните мрежи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...