Драма во Сплит: Мајка очајно барала помош за да го извади бебето од возилото

1705
Бесплатна фото

Мајка оставила бебе во автомобил во Сплит, но не забележала дека клучевите останале во неговите раце, па со затварање на вратата, возилото автоматски се заклучило.

Како што пренесува Слободна далмација, таа очајно барала помош од минувачите.

Веднаш биле повикани пожарникари и Брза помош. Меѓутоа, додека да стигнат, еден од минувачите го разбил стаклото на возилото, па немало потреба пожарникарите да реагираат.

Полицијата потврдила дека примила повик за инцидентот, но за нејзина интервенција немало потреба.

Едногодишното дете веднаш штом било извадено од автомобилот, било однесено во болница на преглед. За среќа, немало никакви последици.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...