Драматично во Кавадаречко: Пламени јазици се закануваат на црква и куќи

601

Пожарот кај кавадаречкото село Фариш зафати и лозја, а пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Кавадарци вршат максимални напори штетите да бидат што е можно помали.

Александар Чадамов, командир на единицата, за МИА истакна дека пламените јазици во Росоман веќе стигнале до гробиштата и црквата, а се наближуваат и до првите куќи.

Имено, попладнево во Кавадарци избувнаа четири пожари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...