Драматична ситуација во Италија: Армани ја откажа ревијата поради коронавирусот

Италија исто така одложи три фудбалски натпревари во серверните региони на Ломбардија и Венето поради стравот од коронавирусот.

588

Славниот италијански дизајнер Џорџо Армани ја откажа модната ревија во Милано, во склоп на Модната недела, откако коронавирусот усмрти две лица во близина на овој град, и поради што е најавена изолација на 12 градови ширум северна Италија.

Неговата модна куќа објави соопштение во кое го најави откажувањето на вчерашната ревија која требаше да се одржи во 16 часот:

„Ревијата ќе биде прикажана зад затворени врати, поради неодамнешниот развој на епидемијата на коронавирусот во Италија. Преносот во живо ќе биде емитуван на веб-страницата на Армани, поради што ве замолуваме да не присуствувате на ревијата денеска попладне.“

Италија исто така одложи три фудбалски натпревари во серверните региони на Ломбардија и Венето поради стравот од коронавирусот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...