Актерот Драган Спасов Дац на вечерашната трибина на СДСМ му подари метла на премиерот Зоран Заев, за, како што рече, чистката која треба да ја направи.
– Затоа што јас сум првиот кој си поднесе оставка од морални причини, имам и морална одговорност да ја предадам оваа метла за чистката што треба да се направи. Ова ништо не е договорено, од Рептил е, има и лопатче каде може да се собере доста ѓубре. Јас отсекогаш сум го сакал СДСМ и сум гласал за оваа партија, сум се гордеел со оваа партија. Сигурен сум дека мојот иден претседател е Стево Пендаровски – рече Дац.
Премиерот на подарокот одговори дека пораката е примена и дека ќе има чистки.
– Секако дека ќе расчистиме со некои луѓе. Видовме дека некаде имаме решенија со луѓе кои немаат доволно капацитет да му служи на нанародот Има незадоволство и од централната и од локалната власт. Граѓаните ни ја испратија пораката. Граѓаните тоа јасно и гласно ни го кажаа. После изборите ќе се случат промени. За да дојдат други, кои поучени од нивните претходници, нема да ги прават истите грешки – рече Заев.