Драган Николчевиќ прв Србин кој ќе се натпреварува за Косово

Николчевиќ ќе учествува на големата велосипедска трка „Тур оф Албаниа“, чие 75-то издание годинава ќе се одржи од 19 до 22 мај.

306

Драган Николчевиќ се смета за прв косовски Србин кој ќе биде дел од една репрезентација на Република Косово, јавува дописникот на МИА од Приштина.

Николчевиќ ќе учествува на големата велосипедска трка „Тур оф Албаниа“, чие 75-то издание годинава ќе се одржи од 19 до 22 мај.

Покрај Николчевиќ, косовска експедиција ја сочинуваат Рахим Мани, Самир Хасани, Егзон Мисини и Гентрит Хајдари.

„Тур оф Албаниа“ е рејтингувана во Светскиот велосипедски календар во категоријата 2,2 што на учесниците им дава можност да освојуваат светски и олимписки поени.

ФОТО: Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...